ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА е приватна здравствена установа поставена на принципот на недискриминативност и постојана достапност за сите. Наше убедување е дека секој заслужува квалитетна примарна здравствена заштита, во секое време, без разлика на финансиската и социјалната положба, националноста и други убедувања.

Дел сме од здравствената мрежа и имаме склучено договори со ФЗО во делот на општа медицина, општа стоматологија и биохемиска лабораторија.

ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА е отворена установа посветена на чесност, професионалност и целосна законитост во работата, која континуирано работи на унапредување на соработката со други јавни и приватни здравствени установи, во интерес на пациентите како наш највисок приоритет.

ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА е партнер од доверба и сигурност.

ЗАТОА ШТО ЗДРАВЈЕТО Е НАЈВАЖНО!