Основата на здравјето на секого претставува општиот лекарски преглед, при кој се дијагностицираат можните нарушувањата на здравјето.

Ординацијата по општа медицина во ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА располага со посветени медицински тимови, потребната опрема и е на располагање на сите матични пациенти 24 часа, додека сите нематични пациенти се добредојдени од 07:00-21:00 часот.

Во ординацијата по општа медицина за потребите на пациeнтите, стoиме на располагање за услуги, консултации и прегледи во делот на примарната здравствена заштита. На располагање во интерес на пациентите имаме ставено и Bioptron за локално зрачење на телото, инхалатор Nebulizer за инхалациони терапии, овозможуваме давање на ампуларна терапија во контролирани услови за безбедност на пациентите итн.

ЗАТОА ШТО ЗДРАВЈЕТО Е НАЈВАЖНО!

Услуги

  • мерење на крвен притисок
  • EKG преглед со дигитална технологија
  • преврски
  • локални терапии на тело
  • мерење на капацитет на
    бел дроб со пикфлометар
  • отоскопија
  • прегледи на абдомен
  • невролошки прегледи