Почитувани,

ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА претставува современа и европски организирана здравствена установа, која наметна нов стил на работа во здравството. Од основањето во 2004 година па, во континуитет посветени сме на константно унапредување, во интерес на пациентите и вработените.

Од самиот почеток со работа, ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА е целосно компјутеризирана здравствена установа, со современа апаратура, со пријатни услови за давање здравствени услуги и работа, со беспрекорна професионалност на персоналот и посветеност кон секој наш пациент.

Нашата филозофија за секојдневната работа и континуираниот развој на ПОЛИКЛИНИКА АЛТЕА се интересот на пациентот и чесноста во работата, осигурувајќи секогаш квалитетна, навремена и достоинствена медицинска помош.

Спец. д-р Оливера Пурданоска

ЗАТОА ШТО ЗДРАВЈЕТО Е НАЈВАЖНО!